Берлинската полиција вчера yaпcи околу 60 учесници во демонcтpaции пpoтив ограничувањата поради пандемиjaта на кopoнавиpyc, објави германскиот весник Тагесшпигел.
Ројтерс пренесува дека демонстрантите ги прекршиле официјалните мерки воведени за да се одржи вирусот под контрола, а некои ги нападнале полицајците, се наведува во весникот, повикувајќи се на полицискиот портпарол. Демонстрантите веќе трет викенд по ред ги исполнија улиците на германската престолнина.
Двајца полицајци се полесно повредени, додава весникот.
Meanwhile in Germany! Many demonstrations also today, this is from Berlin. #WWG1WGA #WWG1WGAWORLWIDE #QAnonsWorldwide #QAnonGermany https://t.co/Fudespomo4
— Angel of QLand (@edina_eros) May 23, 2020
Претходно вчера, Меркел ги бранеше мерките, вклучително и одржување физичко растојание, додавајќи дека таа е свесна за загриженоста што некои ја имаат за тоа затоа што го сметаат за намалување на нивните човекови права.
„Да, можам да ги разберам овие проблеми“, рече Меркел. „Овој вирус е пречка за нашата демократија“.
Бројот на потврдени случаи во Германија се зголеми за 638, на 177.850, според денешните податоци на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ (РКИ). Пријавениот број на смртни случаи се зголеми за 42, на 8.216, покажуваат податоците.