Вчера околу 19 часот и 45 минути во центарлниот штаб на СДСМ во Кичево, дошло до поголемо нарушување на jавниот ред и мир, при што биле искршени прозорските стакла и друг инвентар, од страна на група незадоволни членови – пренесува локалниот портал „Охридскај“.
Како што пренесуваат од проталот, еден од најстарите членови кој долги години бил без работа и без животна егзистенција, му замерил на претседателот на ОО СДСМ Кичево Игор Лазарески, дека во Кичево партијата вработува луѓе во администрацијата за пари, членови на дурги политички партии, додека лојалните членови на партијата биле запоставени.
По ова настанала вербална расправија која прераснала во поголем инцидент.
На местото на настанот пристигнале засилени полициски единици, кои го привеле лицето, а незадоволството во СДСМ Кичево и понатака ескалира, додаваат од порталот.
Очевидци ја потврдија информацијата за „Инфомакс“, додавјаќи дека пред седиштето на локалната организација на СДСМ пристигнал голем број на полиција, медицински возила и крим-техника за да извршат увид.
Како што велат, од штабот „летаа компјутери, печатачи, столчиња и маси“
Извор: инфомах