Одговарајќи на новинарско прашање премиерот и лидер на СДСМ потврди дека освен за Максим Димитриевски и за секој кој собра потписи за независен кандидат за градоначалник на Куманово, а е од СДСМ, ќе се примени исклучување од партијата и за други членови кои собрале потписи за независни кандидатури.
-Секако, тоа не е дали Заев така одлучил или централниот одбор или највисокото раководство, статутот на СДСМ е таков, односно одлуките ги носат самите поединци дали е Максим дали е господинот Зоран Ногачевски од СДСМ, бил член на раководни структури на СДСМ и пошироко. Тие ја носат одлуката знаејќи каков е статутот на партијата. Ние немаме што друго да додадеме.
Обврска е само на првиот Централен одбор да ги констатираме одлуките кои тие ги донеле и дефинитивно така е опишана демократската процедура кај нас а тие тоа го знаат, рече Заев.