Назначувањето на Џезаир Шакири познат како Командант Хоџа за советник во кабинетот на Премиерот Заев предизвика низа реакции во јавноста. Аналитичарот Алајдин Демири во емисијата „Топ Тема“ истакна дека одејќи по логиката на која е назначен командатот Хоџа како советник во Владата без соодветно образование е исто како Премиерот Заев да оди во Идризово и да пронајде дилер на дрога и да го назначи за шеф на соодветна позиција.
-По оваа логика сега Заев треба да оди во Идризово и да најде еден добар дилер на дрога и да го назначи за шеф на тој сектор. Зошто е оваа гужва и нервоза? Затоа што бил командант на војната и сега ние забораваме дека од Али Ахмети наваму сите тие луѓе беа во војната, нагласи Демири.
Тој додаде дека командантот Хоџа, пред се според образованието не е компетентен за позицијата советник во Владата. Демири посочи дека Зоран Заев не прави никаква реформа како што ветуваше за време на изборите. Тој смета дека несоодветно поставување на советници има политички процеси а не реформски.
-За позиција Ни по квалификација, ни по статус ни по познавање на тоа што го оценуваат и преценуваат луѓето тој не одговара. Тој не одговара. Јас незнам што Заев може да научи од него и што можат овие институции нешто да научат за безбедноста и незнам каков стратег е и што стратегија има тој воено разузнувачки . Ако тоа се сведе на познавање на некое село и има авторитет тоа е друга работа. Тоа не е стратегија. Тоа е едно племенско уредување некаде поглавицата ги знае сите и ќе го слушаат и сме направиле стратегија. Туку проблемот е повеќе кај Премиерот затоа што од сите тие советници тој укажува дека не бара луѓе за професионализам, валидни луѓе, не бара луѓе кои што би му помогнале туку кажува дека бил заложник на некои претходни процеси. Тие се кога тој беше во опозиција и кога одеше по албански семејства нешто правеше, кога одеше во Куманово се бакнуваше со албанците, кога дојде во Шипковица почна да им чисти дворови и така натаму и кога тој прогласуваше држава еднаква за сите и тоа реторички одлично звучи меѓутоа после тоа доаѓа дел на спроведување на ветувањето. Е сега кога тој доаѓа во делот на спроведувањето тој погрешно оди. Не е спроведување назначување на Хоџа или на Талат Џафери за Претседател на Собрание туку тие се политички процеси, рече Демири.
Извор: kurir.mk