Демант од приjaвениот за измама пpилепчанец: “Ha пpиjaвителот му дадов 50.000 денapи зaeм, повикajте ме во полициja за иcказ”

Oткако вчера во полицискиот билтен на МВР беше објавено дека И.С.(44) од Прилеп, пријавил дека бил измамен К.Б. од Прилеп, oдносно дека на пријавениот му дал капар веспа, а за возврат тој да изведува занаетчиски работи во негова зграда во изградба, до нашата редакција пристигна демант на пријавениот.

Демантот го пренесуваме во целост:

“Почитувани, ви пишувам по однос на објавена вест на вашиот портал по однос на измама во која според настанот, иницијалите на пријавителот и моите иницијали се пронајдов во истата.

Јас Кристијан под полна кривична и материјална одговорност тврдам дека станува збор за клевета од страна на пријавителот и барам во најкус можен рок веста да биде избришана од вашиот портал.

Имено во изминатиот период, на сега пријавителот му дадов на заем 50.000 денари и според договорот требаше да изведам занаетчиски услуги за 40.000 денари во новиот објект чиј инвеститор е пријавителот И.С.

Веспата беше предмет на договор, да не ми ги враќа парите и да одработам уште 40.000 денари како што споменав погоре со цел да се израмнат средствата во висина на веспата. Во повеќе наврати се обидов да разговарам телефонски или по смс пораки со цел моторот да биде преведен на мое име и поради тоа што И.С. ми должи 50.000 денари, но пријавителот не се одзвиваше на повиците, а исто така и не ме ангажираше да ја одработам договорената работа.

Доколку бидам повикан да дадам исказ во полициска станица ќе се појавам заедно со мојот адвокат, каде што истовремено и ќе поднесам пријава за клевета и нарушување на чест и углед.

Сите разговори и договори со И.С. ги имам водено пред сведоци.”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.