Владата на Република Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на зам.министерот Атанасов, и бара од нашиот медиум да ја повлече лажната објава, да им се извините на граѓаните и да ги информирате дека имате направено фото монтажа со цел да делувате манипулативно.
-Јазиците на нашите заедници не смеат да служат за заплашување и манипулирање, напротив тие се непроценливо богатство на нашиот културен мозаик. На ваков начин, преку неточни информации, фото монтажи и други манипулации се прават обиди за вознемирување на граѓаните и за нарушување на заедништвото во нашето општество. Граѓаните имаат право да бидат точно информирани, а за таа цел сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес, се наведува во реакцијата до Влада.
Овој демант е за веста со наслов: „Прилепчани спремајте се: Албанскиот јазик станува зaдoлжитeлен за основците- Ocтавката на Атанасов била и поради ова“.
МАРКУКУЛЕ го објавува демантот, а веста ја повлекува во целост.