Демант на германската амбасада: Не е точно дека од 1ви јануари ќе може да се работи во Германија без работна виза

Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи, соопшти германската амбасада во Скопје.

Како што информираат, соопштението е испратено поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.