Прилепските борачи и борачки од “7-ми Мај” имаа напорен натпреварувачки викенд на два фронта. Училишен натпревар во Кочани, како и тежок Меѓународен натпревар во Стара Загора, Бугарија.
Анабела Стојаноска, Ангела Трајкоска, Јована Тодороска и Тамара Цветкоска предводени од тренерите Стојанче Тушески и Филип Јованоски, во Прилеп од Бугарија се враќаат со два медали, еден златен и еден бронзен.
Тамара Цветкоска беше прогласена за најдобар странски борач помеѓу борачки од: Бугарија, Македонија, Косово, Турција, Молдавија и Романија, и сосема заслужено дома се враќа со победничкиот пехар во својата категорија.
Одлична беше и Анабела Стојаноска, која освои бронзен медал во категорија до 46 кг.
Честитки за девојките и нивните тренери и желби за уште поголеми успеси во иднина!