Боречкиот клуб „7-ми Мај“ Прилеп е еден од презентерите на градот Прилеп на национално ниво а исто така активно учествува и е дел од репрезентацијата на Република Македонија.
Клубот е формиран во 2004 година и веќе 18 години учествува во сите натпреварувања. Шампион е во женска конкуренција за 2020 и 2021 година, а исто така имаат значителни и големи успеси од учествата на светски првенства, балканијади и слично.
Најновиот успех на борачките од клубот е во Букурешт Романија на Балканското првенство каде што Ангела Трајкоска освои сребро, а Елена Дејкоска бронза што претставува навистина одличен резултат.
Денеска девојките беа и на прием кај градоначалникот на општина Прилеп, кој им посака уште многу поголеми успеси во иднина.
-Ќе продолжиме да ги поддржуваме спортските клубови со цел да помогниме во развојот на сите спортови во општина Прилеп. Локалната самоуправа на општина Прилеп и јас како градоначалник, имаме план за во наредниот период во кој ќе ги вклучиме, обединиме и зајакниме сите спортови од нашиот град – напиша Јовчески на ФБ.