Девојките и тренерот кои станаа амбасадори на Прилеп се вратија со грст медали од голем натпревар во Сараево (Фото/Видео)

Прилепската урбана група New Generation со сигурност може да се каже дека прераснува во вистински бренд на градот, кој се носи рамо до рамо со најдобрите европски денс клубови.

На натпреварот “Интер фест” кој деновиве се одржа во Сараево, девојките од Прилеп освоија низа медали.

Нина Димеска беше прва во хип хоп соло кидс, и тоа во голема конкуренција, а први места освоија и Георгина Маркоска во poping boogie style, Илијана Јорданоска во хип хоп Б клас, Христина Силјаноска освои прво место во стрит денс јуниор, а Ангела Талеска беше прва во стрит денс Ц клас.

Втори места освоија Ангела Матеска во хип хоп, Тамара Трајаноска и Деана Стојческа беа втори во стрит денс деца, а Ивана Богојевска заврши втора во стрит денс. Одличен настап имаше и Илина Ризовска, која во најголемата конкуренција во хип хоп А КЛАС стигна до четврт финале.

Магдалена Еленоска го освои третото место во стрит денс, а трето место освои и триото Мила Вучкоска, Илина Ризоска и Јана Николоска во хип хоп трио.

New Generation беа успешни и во формациските натпревари каде освоија прво место во формација опен категорија и хип хоп за деца. Потоа формацијата KIDS DANCERS со United Europe го освоија второто место, додека формацијата SECYRIT стигна до третото место во стрит денс.

За потенцирање и за пофалба се исто така настапите на останатите девојки: Андреа Мицеска, Тајла Кукуњац, Михаела Милошеска, Божица Башеска, Марија Тошеска и Михаела Јованоска, чии формации иако не освоија место, сепак добија овации и изнудија симпатии кај публиката и жирито.

Честитки за девојките од New Generation и нивниот тренер Оливер Богојевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.