Откако победија во сите три натпревари во квалификациите, македонската женска ракометна репрезентација го доби противникот за бараж натпреварот кој води на Светското првенство во Шпанија, кое ќе се одигра кон крајот на годината.
Противник на нашите девојки ќе биде репрезентацијата на Романија.
Романија дури 24 пати била дел од светските шампионати, три пати станала светски првак, а во витрините има и два сребрени медали и една бронза во 2015 година.
Бараж натпреварите се играат на 16/17 и 20/21 април. Првиот меч Македонија го игра на гости кај Романија.