Девојката која ја донесе новогодишната магија во прилепската Стара чаршија (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Eлена Димоска од Прилеп е млад уметник која деновиве ја разубавува прилепската Стара чаршија. Таа е “виновникот” што локалите и кафулињата во центарот на Прилеп добија прекрасни Новогодишни и Божикни пејсажи, кои направија една посебна празнична атмосфера. Ја прашавме како дојде до идеја за нешто вакво и дали и во наредните денови ќе продолжи со работа.

“Поради тоа што и порано сум се занимавала со сликање на мурали на ѕидови и стакла, имав побарувачка за сликање на новогодишни мотиви на стаклата на еден од прилепските локали, кој имаше целосна доверба во мојата работа. Потоа следеше уште еден, па уште еден и така натаму”, вели Елена.

Дали сопствениците веднаш се согласија и дали ќе продолжиш да ја украсуваш чаршијата и во наредните денови?

“Сопствениците нормално, се согласуваат, тоа всушност е и нивна желба. Имам уште неколку локали во текот на неделата”.

Дали би цртала вакви пејсажи и на други објекти надвор од чаршијата и како може да те пронајдат тие кои се заинтересирани?

“Секако, би сликала и на други објекти и домови надвор од чаршијата. Секој заинтересиран може да ме контактира на меил: [email protected]”.

Колку време ти одзема еден објект? Kaкви материјали користиш?

“Во врска со времето, зависи од квадратурата на објектот и од тоа колку е комплициран цртежот. Најдолго што сум цртала е 5часа. Преферирам да ги нацртам во еден ден. За сликање и цртање на стакло користам акрилни бои кои се трајни, но лесно се отстрануваат од површината”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.