Мина Куо е девојка од Тајван која патува низ светот и се запознава со различните култури, обичаи и традиции.
Деновиве таа престојува во Прилеп, а од нашиот град на социјалните мрежи сподели голем дел од културните знаменитости, со кои ги запозна нејзините пријатели и топло го препорача Прилеп на сите да биде нивна идна патувачка дестинација.
Вчера оваа млада девојка се запозна и со нашиот обичај на празнување на Православната Нова година и се дружеше со прилепчани во центарот на градот, каде општината организираше заедничко одбележување на празникот Василица.
Мина се запозна и со градоначалникот на Прилеп, а според нејзините импресии прилепчани се неверојатни луѓе и добри домаќини.