Хинд Алболуки е 42 годишна жена, родена е во Дубаи, а веќе неколку недели е во центарот за странци во Гази Баба. Во Македонија бара азил, бидејќи, како што вели, има закани од нејзиното семејство – објави “Република”.
Дојдов во Македонија бегајќи од Дубаи бидејќи имам закани од татко ми, чичкото, брат ми дека животот ќе ми го направат пекол само затоа што побарав развод. Не знаев што да правам, тие дојдоа и ми го побараа пасошот и личната карта, велејќи дека не можат да ми веруваат веќе и сакаа да ми го избришат идентитетот. Кога некој ќе ти го побара пасошот или личната карта тоа значи дека нешто се случува, а јас не сум толку наивна, затоа размислив и избегав. Мајка сум на 4 деца – изјави Хинд Алболуку – барателка на азил.
По барањето за азил, Хинди е сместена во Центарот за баратели на азил во Визбегово. Но со првостепена одлука на 7 ноември 2018, како што велат од МВР, Секторот за азил го одбил нејзиното барање .
Утврдено е дека не постои оправдан страв од прогон, односно не се утврдило дека именуваната е прогонета поради својата раса, вера, националност, припадност на одредена социјална група, или политичко уверување и не постојат причини да се верува дека доколку се врати во државата чиј државјанин е, ќе се соочи со реален ризик од претрпување на сериозни повреди – велат од МВР.
Целата сторија прочитајте ја ТУКА