Девет концерти во две вечери: Музичкото училиште го оправдува новото руво со силна и посветена работа – ФОТО

14

Две вечери просториите на домот на културата “Марко Цепенков”, беа исполнети со прекрасни звуци на повеќе од 300 ученици од музичкото училиште, изведувајќи композиции од сите епохи на сите инструменти.

6

7

9

10

11

Во текот на двeте музички вечери беа реализирани вкупно 9 концерти од сите класи и тоа класа пијано проф. Христина Никоска, Денис Најдоски, Игор Николоски, Мартин Ристески, Александра Андревска, Владимир Богески, Кире Гаралоски, Славица Темелкоска; класа виолина проф. Весна Станкоска, Даниел Јованов; класа хармоника проф. Мартин Колевски, Кети Петреска; класа флејта проф.Мартина Пашоска; класа кларинет проф. Александра Ивановска, класа труба проф. Ристо Мечески, класа саксофон проф. Борис Миленкоски, класа народни инструменти проф. Мендо Ташкоски, класа гитара проф. Илија Чакароски, класа соло пеење проф. Леонарда Г. Богданоска.

2

3

4

5

Директорот Игор Николоска вели дека овој настан ќе прерасне во традиција и се надева дека секоја наредна година бројката од овогодинешните 300 учесници постојано ќе се зголемува. Исто така го најави и новогодишниот концерт кој ќе се одржи на 21.12.2016 во Големата сала на НУЦК, кој ќе биде од забавен карактер.

8

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.