Фудбалерите на прилепска Победа вчера одржаа два тренинзи, претпладневниот во теретана, а попладнето првпат на теренот со вештачка трева.
Во тек се и лекарските прегледи-секојдневно во спортската амбуланта се вршат прегледи на по неколку фудбалери.
Од клубот и информацијата дека Победа не смета на услугите на Зоран Даноски со кого не е пронајден заеднички јазик. Првиот пријателски меч со Младост Лучани, кој беше закажан за 25-ти јануари е откажан, затоа што Србите наместо во Охрид ќе се подготвуваат во Копар, Словенија.
Во меѓувреме договорени се пријателски меч со Велазерими на 4-ти фавруари и учество на меморијалниот турнир ,,Вуко Каров,, во Кавадарци на 11-ти и 12-ти февруари, што воедно ќе биде и генералка пред почеток на пролетната полусезона