Министерството за здравство информира дека во денешната статистика на починати како последица од Ковид 19 ќе биде заведено двегодишното дете кое починало на Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Се работи за дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит,некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со COVID-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis – пишуваат во објаснувањето од Министерството.
Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19:
Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г). Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008