Две трансфер б о м б и во еден ден во Италија: Гигантите се растрошија на крајот од преодниот рок

Спортската јавност денеска ја потресе вистинска трансфер бомба од чизмата. Јувентус го купи најперспективниот напаѓач во моментов во Италија, младиот србин Душан Влаховиќ.

Влаховиќ веќе подолго време беше на трансфер радарот на старата дама, а вчера челните луѓе на Јувентус и Фиорентина се договорија за сума од 70 милиони евра.

На ова веднаш одговори Интер кој според медиумите во Италија е во завршна фаза на преговори со играчот на Аталанта, Робин Госенс (27). Се работи за позајмица со обврска за откуп на договорот во вредност од 22 милиони евра плус бонуси.

Левиот бек на тимот од Бергамо беше мета на моќните сопственици на Њукасл, но се чини дека Госенс останува во Италија.

Според италијанските спортски медиуми тој веќе ги договорил личните услови со Интер и сега клубовите ги договараат последните детали.

Германецот во Интер би требало да заработува 2,5 милиони евра плус бонуси, што е многу помалку од 3,5 милиони евра колку му нуди Њукасл.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.