Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп од здравствената струка – профил физиотерапевтски техничар IV год., на државниот натпревар „Лидер на струка“, кој се одржа на 07.12.2016 год. во СМУГС „Д-р. Панче Караѓозов“ – Скопје, освоија 2 награди. Сара Долеска I место, а Благоја Иваноски III место.
Учениците беа предводени од своите ментори: Силвана Колеска, Снежана Переска, Изабела А. Димеска и Петра Лукароска. Прилеп може да се пофали со најдобрите физиотерапевти во Македонија, што е мотив повеќе и за менторите и за учениците да работат на нови проекти и натпревари, да достигнуваат нови успеси и повторно да има Прилеп со што да се гордее.