Две малолетнички од Прилеп со мопед удриле во паркирано возило – со повреди пренесени во болница

-На 17.09.2024 во 15:10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. “5-та Прилепска Бригада”, малолетничка од Прилеп, управувајќи со мопед со прилепски регистарски ознаки, изгубила контрола и со мопедот удрила во паркирано патничко возило марка “лада” со прилепски регистарски ознаки.

Малолетничката што го управувала мопедот се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината малолетна сопатничка со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.