Две лица вработени во агенција за обезбедување синоќа биле HAПAДHATИ во ноќен клуб и угостителски објект во Прилеп

На 08.06.2019 во 02,30 часот во Полициската станица Прилеп А.Д.(32) од Прилеп, вработен во агенција за обезбедување пријавил дека во угостителски објект во Прилеп бил физички нападнат од лицето Р.П.

Maлку подоцна пак, во 02,50, Т.М.(38) од Битола вработен исто така во агенцијата за обезбедување пријавил дека во ноќен клуб во Прилеп бил физички нападнат од едно лице.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на двата настани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.