Две злата и едно сребро за македонските боксери од силен турнир во Молдавија – Сливјаноски избран за најдобар тренер на турнирот (ФОТО)

На Меѓународниот меморијален турнир во бокс “Павел Лучевски”, кој се одржа во Молдавија, прилепскиот клуб “Ронин” оствари одлични резултати.

Браќата Ален Рустемовски и Адријан Рустемовски, како членови на Боксерскиот клуб “Пелистерски јунак” од Битола се закитија со златни медали, а Илчо Костовски од БК “Ронин” Прилеп дома се врати со сребро.

Македонската екипа беше предводена од тренерот на Ронин, Филип Сливјаноски, кој пак доби признание за најдобар тренер на турнирот.

Честитки за нашите боксери и желби за уште поголеми успеси во иднина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.