Две девојки утре тргнуваат на “Илинденски марш” од скопско Горно Лисиче до славно Крушево

Tрадиционалниот “Илинденски марш 2018” ќе започне утре од 17:00 часот од паркот Јане Сандански во општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август за Илинден во Крушево.

Околу 20 коњаници ќе тргнат од паркот “Јане Сандански” до црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, а после манифестацијата ќе се упатат за славното Крушево.

Коњаниците се на возраст од 18 до 65 години, а оваа година дел од “Илинденскиот марш” ќе бидат две девојки.

Едната Драгана Каловска беше дел и од ланскиот марш кога успешно пристигна во Крушево. Оваа година друштво ќе и прави Елена Мишева, исто така од Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.