Прилепчаните Филип Илиоски и Христијан Мојсоски, тргнаа во неверојатна авантура со велосипеди. Нивната крајна дестинација е турската метропола Истанбул.
Својот подвиг двајцата другари од Здружението “Maркови точакџии”, го започнаа синоќа, а на педали имаат за возење околу 800 километри.
Филип и Христијан тргнаа од Прилеп, па преку Серес и Кавала ќе стасаат до Ипсала и Текирдаг. Крајната дестинација е Босфорот во Истанбул.
Попатно нашите ентузијасти ќе кампуваат во шатори, а идејата за овој нивни подвиг како што кажаа е можноста преку Босфорот да се премине на друг континент.
На Филип и Христијан им посакуваме многу среќа, добри временски прилики и успешно да го совладаат својот предизвик!