Двајца прилепчани се обиделе да прегазат со автомобил полициски службеник

policijamarica1

25-годишниот Џ.Ќ. и 28-годишниот А.Ќ. од Прилеп заработија кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во извршување на службено дејствие“. Шумски полицајци, движејќи се по патот кон Вештачкото езеро во близина на гарнизонот „Мирче Ацев“, ги забележале пријавените како превезуваат огревни дрва со две возила.  Истите направиле обид да ги легитимираат, и во тој момент Џ.Ќ. со возилото тргнал кон едниот полициски службеник со цел да го прегази, заканувајќи му се по животот. Во текот на дејствието започнала да се собира поголема група на луѓе поради што полициските службеници процениле дека доколку продолжат со службените дејствија ќе биде загрозена нивната безбедност, по што се повлекле од местото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.