Двајца прилепчани приложиле лажни тестови на Деве Баир, пишува во дневниот билтен на МВР.
Министерството за внатрешни работи информираше дека вќера во 12:20 часот, на Граничен премин „Деве Баир“, на излез од Република Македонија, И.Б.(50) и Ф.Т.(35), двајцата од Прилеп, приложиле негативни ПЦР тестови, а по извршени проверки било утврдено дека тестовите не се издадени од соодветната лабораторија и истите се одземени за понатамошна постапка.