Двајца прилепчани добитници на 100.000 денари од наградната игра “Мој ДДВ”

Синоќа беа објавени добитниците на 100.000 денари на трето извлекување оваа година во наградната игра на МојДДВ. Месецов, односно на 18 март ќе биде извлечена и премијата, односно наградата од три милиони денари.

Eве кои се добитниците од третото извлекување на „Мој ДДВ, моја награда“.

Љупчо Николовски (Скопје), Живко Поповиќ (Скопје), Тони Ристовски (Прилеп), Иван Митевски (Штип), Јово Костовски (Скопје), Зоран Тушевски (Скопје), Дејан Мијајловиќ (Скопје), Мартина Анчевска (Скопје), Наташа Станојковска (Скопје), Имран Широки (Скопје), Зорица Кочоски (Прилеп), Небојша Арсиќ (Тетово), Ласте Петрински (Куманово), Мица Пачковска (Куманово), Елизабета Јовева (Штип).

Надлежните ја промовираат наградната игра како можност за добивка, но се надеваат и дека на ваков начин ќе ги поттикнат граѓаните да скенираат и да придонесат за борбата против сивата економија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.