Двајца малолетници на мопед паднале на коловозот на ул. “Цар Самоил” во Прилеп, едниот со тешки повреди заврши во болница

-На 04.05.2025 во 16 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, мопед без регистарски таблички, управуван од малолетник од Прилеп, паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.