Дванаесетгодишно момче е на пат да открие лек против рак

rak_istrazivanje_gruzija-696x398

Дванаесетгодишниот Стефен Лит открил во зелениот чај хемикалија која се бори против ќелиите на ракот.

Момчето работело на проект за центарот “Georgia Science and Engineering Fair” во кој користело антиоксиданси од зелениот чај против ќелии на рак во црви. Освоил многу награди и го привлече вниманието на истражувачите ширум светот.

Стефен се заинтересирал за борбата против ракот откако две семејни пријателки добиле рак на дојка. Веднаш започнал да чита за ракот и пронашол текст во кој се наведува како стапката на заболени од оваа болест е смалена во Јапонија благодарејќи на конзумирањето на зелен чај.

Тогаш со својот татко нарачал потребен материјал преку интернет и направил лабораторија во куќата. 100 црви ги поделил во четири групи и ја тестирал хипотезата за делотворноста на зелениот чај.

Црвите биле заразени со ќелиите на ракот. Една група била изложена на фитохемикалија која се наоѓа во зелениот чај, а другата група на епигалокатехин-3-галат. Третата група била изложена на канцерогени ќелии, додека четвртата група била контролна. Резултатите ги анализирал со микроскоп кој му го поклонил неговиот дедо и открил дека црвите кои биле изложени на супстанците од зелениот чај не развиле канцерогени ќелии во туморот.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.