Во скопската зоолошка градина во тек се градежни зафати кои треба да го прилагодат животниот простор за двете популарни скопски слоници. Дуња и Даела се со големи разлики во возраста, па младата Даела понекогаш е премногу палава за „бабичката“ Дуња – објави “Плус инфо”
Токму тоа е главната причина поради која во текот на есента и зимата ќе се работи на градежни зафати кои вклучуваат и големи потпорни ѕидови, за кои сите материјали, во вредност од скоро половина милион денари, ги обезбеди еден од пријателите на скопската ЗОО, Цементарница УСЈЕ.
– Сите се надеваат дека уредувањето на прилагодениот надворешен простор ќе биде финализиран до следната пролет. Сепак, посетителите на скопската ЗОО и во овој период ќе може да уживаат во друштво на популарните Дуња и Даела во другиот дел од нивниот двор – соопшти компанијата.
Летово еден од слоновите во скопската Зоолошка градина турна електричен столб, поради што имаше прекин на струјата, а посетителите беа евакуирани.