Два автобуси од навивачката група “Мајмуни” утрово се упатија кон Скадар, Албанија, да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, на натпреварот од првотото коло од квалификациите за Светското првенство, што ќе се одржи 2018 година во Русија.
Навивачите на прилепска Победа со полни срца, патриотски дух и жар, веруваат во позитивен резултат и ветуваат пеколна атмосфера на стадионот во Скадар.
Во моментите кога нашата фудбалска репрезентација се наоѓа во тешка резултатска криза и сите коментари се негативни, навивачите од “Мајмуни” остануваат верни на црвено-жолтата боја и секогаш со позитивен дух и силна мобилизација се спремни да помогнат и да ја разбудат желбата кај нашите играчи, да се покажат во одлично светло.