Во денешниот гостување на утринската емисија на телевизија Алфа, членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов изрази надеж дека Законот за ЈО ќе се донесе наскоро но пречките ги гледа во ставот на власта да го озакони незанонското, односно и сега да се извлече како порано со приватизацијата.
Правдата во Македонија ја нема и за граѓаните е скапа – рече Ефтимов кој зборуваше за состојбите во правосудниот систем, за правната помош за сограѓаните и одржани трибини на тема за функционирање на институциите.
За речиси два месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ја започне обновата на системот со остварлива и одговорно концепирана програма насочена кон граѓаните.