Дајанчо Ефтимов: Вонредна состојба и моќна влада

“ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ,,МОЌНАТА ВЛАДА”

Демократијата, почитувани сограѓани пред се претпоставува постоење на опозиција.
Се разбира, исклучиво конструктивна опозиција во критични времиња. Системот нема смисла ако опозицијата престане да критикува и дава предлози и конкретни решенија особено во Вонредна состојба.
Не станува збор за поделба на кадрите по партиска линија, сите кадри се оздадени и интегрирани во системот но, станува збор за професионалност во менаџирањето.
Во спротивно практицирањето на власта во вонредната состојба од страна на сега ,, моќна влада” може да значи импровизација во користењето на ресурсите при справување со кризата.

Погледнете ги само оние прес конференции, стикери на социјални мрежи и сите тие лични навреди врз опозицијата наместо внимателно вслушување во секој предлог. Макар даден и во вербална форма…

Вонредната состојба прави концентрација на законодавната функција на собранието да премине во ,, моќната влада” и секако извршната власт која впрочем е единствено извршител на законодавната.

Со воведување на вонредна состојба се отвара можноста да се интервенира со ,, ad hoc,, решенија за клучните потреби од справување со епидемијата преку донесување на таканаречена Уредба со законска сила од страна на ,, моќната влада,,
Ова согласно членот 126 од Уставот.
Владата е таа која донесува уредби со законска сила.

Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето
на воената или вонредната состојба, на крајот одлучува Собранието кога ќе се состане.

Со уставот ваквата состојба е нормирана со неколку члена и не постои законско решение со што се остава многу слободен простор за маневрирање на
,, моќната влада,, па во опозицијата отвара реална можност за сомнежи.

Меѓутоа истата не смее да заборави дека дури и во ваква ситуација мора да носи решенија согласно Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во Република Македонија.

Клучна улога во дадената ситуација има Уставниот суд и уставните судии како единствен коректив на,, моќната влада”.
За жал сведоци бевме на нераскинлива спрега помеѓу извршната власт и судската власт секако и Уставниот суд.

Доколу се прогласеше Кризна состојба разработена согласно позитивните законски прописи и правно целосно, Владата во тој случај немаше да биде толку моќна. Сите ресурси на располагање за справување со актуелната состојба со епидемијата мораше да ги користи согласно веќе постојните позитивни законски прописи.

Затоа почитувани сограѓани, новата задача на секој од нас е да биде совесен и одговорен кон сите мерки и забрани, доколку може да ги поучи или предупреди сограѓаните, доколку треба да се стави на располагање на институциите но, важно е да биде контролор на одговорните во Вонредната остојба.

Секоја мерка за заштита на здравјето на граѓаните е добредојдена, а секое профитерско дејствување е казниво.

#Затоа што секој живот вреди# ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.