Шокантната елиминација на актуелниот светски и олимписки шампион, Данска, ги стави во непријатна ситуација навивачите од оваа земја.
Верувајќи во силата на својот национален тим, голем број од нив купиле комплети на влезници за главната рунда, а многумина и влезници за полуфиналните средби и за финалето. Сега мака мачат и не знаат што да прават со влезниците.
Препродажбата е незаконска и е строго забранета, а организаторот нема ни обврска ни желба да им ги врати парите за купените влезници.
Сега навивачите се обидуваат да се ослободат од влезниците со помош на својата федерација, но засега не е воспоставен некаков механизам.