Данска и Германија ќе градат вистинско чудо: Најдолгиот подводен тунел со автопат со четири ленти (Видео)

Проектот кој Владата на Данска за прв пат го објави во 2015 година, се очекува да биде отворен во 2029 година.

Се работи за најголемиот подводен тунел “Фемерн” кој ќе ги поврзува данскиот остров Лоланд и Путгарден во северна Германија.

Тунелот е со должина од 18 километри и ќе вклучува електрифицирана железница со две ленти и автопат со четири ленти

Целиот проект се проценува дека ќе чини 7,6 милијарди американски долари, а во март регулаторите на државната помош на ЕУ одобрија финансиска поддршка за Данска за проектот.

На патниците во моментов им требаат 45 минути со траект за да го преминат теснецот Фемерн, но откако ќе се изгради тунелот, ќе се премине со автомобил за 10 минути или со воз за 7 минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.