Даноски и официјално нов играч на Победа!

15941831_10211771927917644_1108212550_n

На утрешниот почеток на зимските подготовки на Победа меѓу новајлиите како петто засилување ќе биде и 26-годишниот Зоран Даноски. Добро познатиот напаѓач на прилепската фудбалска јавност од неговите мајстории на туурнирите во мал фудбал неколку зими наназад конечно во третиот обид ќе се спои со Победа. Минатата зима Даноски тренираше со Победа и настапи на пријателските мечеви со Новаци и Тетекс(на вториот и постигна погодок) но до реализација на траснферот не дојде поради недобивањето на сертификат од неговиот претходен клуб во Чешка. Летото исто така актуелно беше доаѓањето на Даноски во Победа но сепак тој се реши за интернационалниот предизвик и полусезоната ја мина во хрватски Интер Запрешиќ. Оваа трета среќа за Победа и Даноски се надеваме ќе биде плодотворна и за играчот и за клубот.
На Победа несомнено во борбата за опстанок и треба искусен, брз и вешт играч во нападот но и на Даноски му е потребна Победа за да ги потврди своите квалитети кои јавноста како да ги подзаборави поради малата минутажа во клубовите каде настапуваше. Зоран Даноски по заминувањето од Македонија со забележителен успех неколку сезони настапуваше во чешките клубови Мост и Прибрам (20-тина постигнати прволигашки голови), а во нашата лига минатата пролет беше дел од тогашниот прволигаш Металург. Претходно Победа ги ангажираше и на прозивката ќе ги промовира српските интернационалци Милан Војводиќ и Мирослав Станиќ, доскорешниот играч на Пелистер Благојче Коњарски како и бразилскиот напаѓач Уемерсон Рамон, кој на екипата ќе и се приклучи на 13-ти јануари.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.