Данило е најмалиот мајстор: За време на вонредната состојба сам направи куќарка, ја уреди и ја претвори во прекрасно катче (Фото)

Во дворот на семејството Петронијевиќ во селото Злакус во близина на Ужице, се наоѓаат неколку куќи, но една од нив која е мала, сина и изградена од дрва е омилена на сите.

Куќичката за време на вонредната состојба ја изградил малиот Данило сам, кој сеуште нема наполнето 11 години.

Сега таа куќичка е место каде Данило ги пречекува своите другари, а иако е мала во неа има место да се сместат три деца.

Најмладиот мајстор во Србија, својата градба ја опремил со намештај, но и со електрична енергија.

“Не сакав само така да стои, туку навистина да ни служи. Внатре ставив дел од аголна гарнитура, дрвени столчиња кои сам ги направив и ги исфарбав, а на ѕидот полица на која стојат моите автомобилчиња. Тоа сега ни е омилено место за играње, а ја сум горд затоа што го направив со своите десет прсти. Спроведовме и продолжителен кабел и струја, па овде можеме да читаме или да ги полнеме телефоните”, вели Данило за РИНА.

Meсец и пол малиот Данило ја градел својата куќарка. Најголема поддршка имал од својот дедо, кој му помогнал во набавката на материјалот, а се’ останато Данило направил сам.

Љубовта кон градежништвото малиот мајстор од Злакус ја негува од мали нозе. Се’ започнало со сложување на лего коцки, а Данило им помагал и на мајсторите кои работеле во нивниот двор. Сеуште не знае дали сака да биде мајстор кога ќе порасне, но сигурно ова момче има златни раце и талент.

“Ништо не ми беше тешко. На изградбата на куќарката дневно трошев и по неколку часови. Иако мама рече дека ќе се сруши, јас знаев дека нема. Бев уверен дека работам како што треба. Сакам идниот мој проект да биде некој поголем објект, можеби и на два спрата”, вели Данило.

(Kurir.rs/RINA/Foto: RINA)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.