Дамјан Ристески од Прилеп кој има 27 години, долгогодишен каратист и инструктор во карате (втор дан) од карате клуб ,, Бонсаи”, положи за балкански судија во карате и тоа во две дисциплини – кати и борби во Сараево, Босна и Херцеговина. Натпреварот се одржал од осми до десети ноември.
Вели дека е презадоволен од резултатот, судел сите дена на натпреварот на натпреварувачи од Балканот и тестовите ги поминал солидно.
Ова за него е еден од големите достигнувања во судењето и животот.