Дали со посната шунка, веганските колбаси и барање соино млеко во кафетерија, оној кој пости го достигнал врвот на својот верски живот?

Пишува: Протоереј Златко Ангелески

„Дали, навистина, постои некое специјално однесување во текот на постот или тоа е само уште една од варијантите на „богоболажливо пренагласување“, со што сакаме да им ставиме до знаење на Бога и на луѓето дека ние, ете постиме, и се држиме до законот!?

Дали, кога постиме, нам ни е дозолено да се рекламираме по кафетерии и ресторани, барајќи соино млеко или растителни џимиринки, притоа одговарајќи на непоставено прашање со – Знаете, јас постам – одговор! Нормално, таквиот одговор е проследен со помала или поголема фацијална акробација.

Дали со посната шунка и веганските колбаси, оној, кој пости, го достигнал врвот на својот верски живот, па сега одлучил тоа јавно да им го соопшти на сите?

Дали ни е дозволено во текот на постот да се интересираме за сите други околу нас, ама никако за себе, и која е поентата на таквиот пост?
Да се облечеме во некаква космичка полициска униформа и да ги апсиме оние кои јадат маслинки или кикиритки во лушпа, кога постат на вода…
Дали постот навистина го очекува сето ова од нас?

Со таквиот став на „религиозните“, постот прераснал во некој засебен ентитет во однос на Христа и денес има некои свои диктати, кои често одат во тотална спротивставеност со она, кое Христос го рекол!“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.