Илјадници граѓани се приклучија на онлајн петицијата на социјалните мрежи за укинување на одлуката за поскапувањето на струјата.
Бараат регулаторот итно да ја повлече одлуката, намалување на ДДВ за електирчна енергија од 18 на 5 проценти, укинување на скапата тарифа, формирање на посебен фонд за покривање на трошоците на лицата со финансиски потешкотии кој ќе биде финансиран од профитот на универзалниот снабдувач, укинување на задолжителната комунална такса за јавно осветлување.
И од организацијата на потрошувачи со реакција. Велат дека одлуката се носи во време кога домаќинствата се погодени од кризата со вирусот. Сметата дека Регулаторната комисија пред да ја соопшти одлуката требала да спроведе стручна дебата со сите засеганти страни па потоа да предложи решение кое нема да им нанесе штета на граѓаните.
Во настанатата кризна ситуација за голем број потрошувачи не се доведува во прашање само нивното здравје, туку и нивната економска безбедност, од причина што голем дел од нив ги загубија своите работни места или им се намалија приходите. Пресметките за покачување на цената на електричната енергија треба пред се да се засноваат на потребата од намалување на оперативните и фиксните трошоци на енергетските компании кои потрошувачите не треба да ги субвенционираат за тие да продолжат да работат неефикасно, се вели во соопштението од организацијата на потрошувачи.
Вчера и дел од политичките партии, експертите, здруженијата и сидникатите побараа итно да се повлече одлука на Регулаторна, со образложение дека се носи во време на пандемија кога голем дел од луѓето останаа без работа или се со намалени плати.
Струјата поскапе за 7,4 проценти. Новата повисока цена граѓаните ќе ја плаќаат во сметките кои ќе ги добијат во септември, а ќе важи една година. Од РКЕ посочија дека зголемувањето се должи на намалените приходи на енергетските компании поради Ковид-19.
Линк од петицијата.