Фондот за здравствено осигурување објави оглас за вработување на раководител на подрачната служба во Прилеп
Паричен нето износ на плата за оваа позиција изнесува 32.854,00 денари месечно, а условите за вработување се следни:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, организациски науки и управување (менаџмент)
– најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку 8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку 3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор
Интересно е тоа што според напомената во огласот објавен од Агенцијата за администрација, кандидатот кој ќе биде избран за оваа позиција треба да биде од српската етничка заедница.
Досега раководител на ФЗОМ во Прилеп беше Кристијан Пиличев, кој на оваа позиција дојде во 2018 година.
Пиличев е еден од најистакнатите лица во СДСМ Прилеп, па останува засега нејасно дали тој ќе стане Србин за да ја задржи оваа позиција, или ќе биде назначен на друго раководно место.