Во текот на изминатиот ден силно невреме проследено со засилен ветер и пороен град ги погоди атарите на прилепските села Големо и Мало Коњари, како и Кадино село, при што настрадаа големи површини засадени со тутун, пипер, жито и други култури.
Земјоделците од прилепско во текот на вчерашниот ден алармираа за сериозноста на состојбата и велат дека буквално останале без леб.
Со солзи во очите и разочараност тие побараа помош од државата и општина Прилеп да им помогнат сега кога им е најпотребно, имајќи во предвид дека на голем број од овие семејства земјоделието им е основна гранка за опстанок и живот.
Oд тутунот, по кој Прилеп е препознатлив и од кој егзистираат голем број семејства, во овој крај не остана ништо.
Градот кој паѓаше 15-тина минути со големина на орев го сомели целиот род на жолтото прилепско злато.
Дали општината и градоначалникот ќе најдат сили и ќе им помогнат на своите сограѓани од кои добија поддршка на изборите во октомври минатата година, останува да видиме.
Едно е сигурно! Во овие моменти голем број семејства поминуваат низ агонија и се думаат како ќе врзат крај со крај, доколку никој не им излезе во пресрет.
Потребна е инта и неодложна проценка на штетите и брза интервенција на властите.