“Дали ова мовче ќе биде реконструирано за 250.000 евра?” (ФОТО)

Едно од мовчињата (ако воопшто може да се нарече така) на Дабничка река која поминува покрај најелитната населба во Прилеп, е во катастрофална и небезбедна состојба.

Читател до нашата редакција испрати фотографии со прашање: “Дали ова мовче ќе биде реконструирано за 250.000 евра?”

Ваквата реакција кај граѓаните следува откако општината започна со реконструкција на мостот на Градска река, на улицата “Трајко Николоски”.

За реконструкција на овој мост општина Прилеп ќе потроши високи 500.000 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.