Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес ги уверуваше медиумите дека нема намера да користи било каква “шема” за да се задржи на власт по завршувањето на неговиот претседателски мандат.
“Не се работи за тоа дека не сакам. Си ја сакам работата. Но за да се задржам на власт, би требало да употребам некој вид на “шема”, која би била неприфатлива за земјата или би ја уништило”, изјави Пyтин, пренесува ТАС С.
“Од тоа се плашам, тоа е она што не сакам да го направам”, рече шефот на руската држава, објаснувајќи зошто мандатот на една личлност на највисоки функции е ограничен.