Во кочанските села Жиганци, Уларци и Чешиново на големо кружат информации за пронајдено речиси 1 тон злато пронајдено при изградбата на патот Штип-Кочани.
Регионалната телевизија “ТВ Стар” направи прилог за оваа гласина или вистина, која ги раздвижи, како што се вели во прилогот, сите сопственици на ниви во селата.
Според березанските цени на килограм злато, што чини околу 20.000 евра, вредноста на пронајденото злато би била дваесет милиони евра, се вели во прилогот на “ТВ Стар”.