“Дали ЛДП и ДОМ свесни дека нема 2/3 мнозинство, ќе гласаат против уставни измени, за да опстојат?”

Утре во Собранието продолжува расправата за уставните измени, при што се очекува пратениците најпосле да пристапат кон гласање, нешто за што на владиното мнозинство му е потребно двотретинско мнозинство.

Се поизвесно е дека власта го нема потребното мнозинство и дека уставните измени нема да го поминат собранискиот филтер.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата јасно го кажаа својот став дека нема да ги поддржат измените на Уставот, а вчера преку заедничка прес-конференција одново го повторија својот став.

Она што беше интересно деновиве е прашањето како ќе се изјаснат помалите коалициони партнери, особено ДОМ на Лилјана Поповска и ЛДП на Горан Милевски.

Претседателката на ДОМ не беше присутна на комисиската расправа за уставните измени, а тоа предизвика полемики кај јавноста дали власта ја изгуби поддршата од пратеничката на зелените.

Дали и останатите помали коалициони партнери на владеачката партија ќе ја следат одлуката на граѓаните од неуспешниот референдумот, останува да видиме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.