Дали крајот вака мириса? Ако падне Венко, паѓаме сите, активирајте го членството

„Бихаќка“ е на готовс – партиската директива гласи #ПоддршказаВенко. Да се брани и да се одбрани министерот од сопствена оставка, пишува порталот Република.

Гори црвениот вибер на СДСМ. Во групата со интересно име СДСМ УДБА организацискиот секретар на партијата Мартин Попов ги организира партиските директори на здравствените институции, градоначалници, претседатели на ограноци да застанат „во одбрана на Венко Филипче“, стои во текстот на порталот.

Сето тоа напишано со големи букви, зашто и итноста е голема.

Потребна е нашата поддршка во моментов за потпретсњдателот на партијата. Знаете што има направено за сите нас тука. Масовно да шириме позитивни работи за него. Не смееме сега да изгубиме човек како него, баш пред избори, за Филипче се работи, пишува во партиската насока на Попов.

Во речиси иста минута Фејсбук е преплавен од величење на ликот и делото на министерот со задоцнет морал. Поддршка на партискиот потпретседател и министер за здравство на своите Фејсбук страници објавија Горан Сугарески, Богданка Кузеска, Снежана Калеска Ванчева… На Фејсбук групата Поддршка за Венко Филипче, формирана лани во март, во почетокот на пандемијата, се шири текст кој повеќе сугерира дека Филипче е жртва во пожарот отколку министер во оставка.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.