Дали знаете од што се прават гумените бонбони?

gumeni-bonboni

Ако го прочитате составот на пакувањето на гумените бонбони, главно ќе прочитате дека тие се направени од сируп од ориз или од пченка и шеќер. Но, основа на гумените бонбони е желатинот.

Желатин е жолтеникава, бесмирисна и бесвкусна супстанца која се добива со долготрајно варење на кожа и коски од животни, најчесто од говеда и свињи. Најчесто се прави од остатокот од месната индустрија – кожа, рогови и ситни коски.

Желатинот најчесто се користи во прехрамбената индустрија и може да се најде во ладните млечни производи, десерти, желеа и месни производи.

Желатинот се добива со хидролиза од колаген, протеин кој дава сила и потпора на ткивата и органите и е главно везно ткиво кај сите животни.

Сепак, фармацевтскиот желатин кој се користи во медицината е всушност говедски желатин и содржи 18 аминокиселини и има исклучително нутритивна вредност. Супите од коски се идеална препорака за лицата со чувствителни црева, бидејќи се богати со колеген, ја обновуваат цревната слузокожа и го засилуваат имунитетот.

Желатинот се препорачува во третирање на болни зглобови, тетиви и коси, а посебно е добар и за кожата, косите и ноктите и во борба против целулитот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.