Дали до него дојдовте? Украден соларниот рефлектор од планинарскиот дом “Томе Темелкоски” на Селечка Планина (ФОТО)

Членови од планинарските здруженија “Момата” и “Прилепски планинарски авантуристи”, минатата година како се сака она што е општокорисно добро за сите преку освежување на планинарскиот дом на Селечка Планина, “Томе Темелкоски”.

Ентузијастите од овие здружение го бојадисаа домот, а на раце искачија и шпориња на дрва. Покрај тоа на кровот од домот беше поставен и соларен рефлектор, кој една година им служеше на сите оние кои сакаа да преноќат во овој, единствен во близината на Прилеп планинарски дом.

И додека вљубениците во природата планираа нови акции за подобрување на условите во домот, непознат сторител деновиве го украл соларниот рефлектор. Зошто? Затоа што ретко во кого остана човечлук во денешно време….

-После многуте повици зошто рефлекторот на домот несвети одговорот е овој. Се нашол некој ,,паметен,, и го украл, т.е. го откорнал на сила. Рефлекторот беше поставен пред една година и даваше еден убав изглед кога навечер ќе си фрлиш едно око накај Селечка Планина, за жал на некој тоа му сметаше па дошол и го украл. Овој чин е за осудување, а сторителот на ова дело Господ ќе го казни, напиша на Фејсбук Владимир Јованоски, познат планинар од Прилеп и еден од екипата која учествуваше во минатогодишното освежување на планинарскиот дом.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.