Дали ви играат очните капаци? Еве колку е тоа штетно и кои се причините за оваа непријатна појава!

Играњето на очните капаци е многу непријатна појава која не можете ја контролирате, што уште повеќе фрустрира. До оваа состојба доведува спонтаното грчење на мускулите на овој дел од лицето, без никаква најава.

Миокимијата, како што се нарекува стручно, не претставува сериозен здравствен проблем, но пожелно е да ја знаете причината за да знаете што да преземете.

Еве кои се најчестите причинители:

Стрес

Стресот е главната причина за „играњето“ на капаците и веѓите. Обично трае една недела, или додека трае стресниот период. За да го одбегнете или барем ублажите стресот, а со самото тоа и неговите последици, неопходно е да научите одредени техники на опуштање. Исто така, важно е да вежбате, повеќе да спиете и добро да се организирате.

Пиете премногу кафе

Кофеинот исто така може да предизвика треперење, особено ако консумирате кафе во неограничени количини. За да воспоставите рамнотежа во организмот, пожелно е со кафето секогаш да испиете и чаша вода.

Недостиг на магнезиум

Дефицитот на магнезиум доведува до иста реакција на наведениот дел од лицето. Затоа проверете го нивото на овој минерал и ако дознаете дека не го внесувате во доволни количини, треба да јадете спанаќ, бадеми, зоб или да го внесувате преку суплементи.

Аларм во случај на болест!

Понекогаш причина за поигрувањето на капаците и веѓите може да биде и сериозен медицински проблем, како што е во случајот на постојана хипогликемија, Паркинсонова болест или некое друго невролошко нарушување. За да се ослободите од сите сомнежи, најдобро е да одите на лекар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.